Локална Младинска Организација
-------------------------------------
Здружение на млади економисти

Добредојдовте на страната на ЛМО

Здружението на МЛАДИ ЕКОНОМИСТИ од Прилеп е слободно формирана младинска организација на учениците при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп. Здружението е формирано за слободно здружување на учениците, остварување, заштита и усогласување на нивните интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за подобрување и унапредување на членовите на Здружението, другите ученици во училиштето како и афирмација на СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп. Главна цел на Здружението е усогласување на интересите, застапување на правата на членовите и другите ученици, интеграција на младите како и остварување на други активности од јавен интерес. Учениците се здружуваат во Здружението заради остварување на пошироки заеднички интереси, како и за поддршка и промоција на: меѓу-ученичка, меѓу-училишна, меѓу-етничка и младинска соработка на локално и државно ниво.